Шест возачи биле исклучени од сообраќај во одвоени полициски контроли спроведени на 23 и 24 јануари 2026 година, информира МВР. Пет лица биле затекнати како управуваат возила под дејство на алкохол, додека еден возач бил лишен од слобода поради екстремно пречекорување на дозволената брзина. На автопатот А1 кај селото Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија го привеле А.К. (52) од Бугарија, кој со возило „ауди“ се движел со брзина од ...
На 23.01.2026 година во 10:46 часот на автопатот А1, во близина на село Милетково, гевгелиско полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(52) од Република Бугарија. При контрола со радар било констатирано дека А.К. управувал патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 120 километри на час. За настанот бил запознаен јавен обвинител од ...

