Најскапото засилување на Реал Мадрид во летниот преоден рок, Јан Диоманде, ќе мора да почека за своето деби во дресот на „кралскиот клуб“. Младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска нема да биде во составот за утрешниот пријателски натпревар против Депортиво Ла Коруња. Диоманде во Реал пристигна како големо засилување и му се приклучи на тимот во средината на минатата недела, но и покрај интензивните тренинзи, нема да биде дел од ...

Јан Диоманде стана најскап реализиран трансфер во историјата на Реал Мадрид бидејќи неговата зделка може да достигне 140 милиони евра, па иако вложените средства ќе прават притисок врз најдобриот млад играч од Бундеслигата за минатата сезона, повеќе од јасно е дека Жозе Мурињо во својот тим доби огромен талент кој допрва треба да се надградува. Диоманде забележа стратосферски раст во една сезона и демонстрираше дека поседува огромен ...