Манчестер сити ја загуби трката за титулата во Премиер лигата, откако синоќа на гости кај Борнмут одигра само 1:1. По тоа реми, Граѓаните останаа четири бода зад лидерот Арсенал, а до крајот има да се одигра само уште едно коло. Непосредно пред почетокот на дуелот кај Борнмут, проструи веста дека тренерот на Сити, Пеп Гвардиола си заминува од клубот на крајот од сезоната. Ова е прв пат во тренерската историја на Гвардиола две години по ред ...

Манчестер сити ја изгуби секоја шанса да му се закани на Арсенал за титулата во Премиерлигата со ремито кај Борнмут. Тренерот на тимот од „Етихад“, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата, сепак, посвети добар дел на веста дека го напушта тимот на крајот од сезоната. Дефинитивно, во предиграта на судирот помеѓу Борнмут и Манчестер Сити, најавата на англиските медиуми дека Пеп Гвардиола го напушта тимот со кој освои 20 трофеи беше пожешка тема ...

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ги коментираше вестите за најавеното заминување на Пеп Гвардиола од Манчестер сити. „Не верувам дека Пеп си заминува. Не верувам и не сакам да верувам, бидејќи би сакал да остане уште многу години“, изјави Луис Енрике. „Кога бев селектор на репрезентацијата, тој ме испрашуваше за таа работа. Отсекогаш имал желба да стане селектор на национален тим. Не мислам дека ќе ја преземе Италија, но не можеме ...