Работодавците очекуваат наскоро да почнат преговорите со Владата и синдикатите. Дел од коморите бараат целосно укинување. Но, синдикалците велат во недела треба да се слободни и дел од тие што сега работат - прашуваат кој е националниот интерес да работат трговските центри? Власта е на став дека треба да им се дозволи уште на неколку дејности да работат во недела. Уставниот суд не ја укина, но власта во преговори со бизнисот и синдикатите може ...

Ќе стане ли недела работен ден за сите? Премиерот Христијан Мицкоски, на седницата за пратенички прашања, истакна дека Владата размислува за промени во законот за недела како неработен ден. Според него, праксата на селективност од претходната влада треба да се замени со јасни правила: или никој да не работи во недела, или сите што постигнале договор со работодавците за двојна или тројна дневница да имаат право да работат. На денешната собраниска ...