Дирекцијата за заштита и спасување бара стотина луѓе за времено да ги ангажира во текот на летото како возачи, оператори со пумпи и противпожарни метли. Повикот, како што објаснува првиот човек на дирекцијата е само за поранешни полицајци, војници или пожарникари со најмалку петгодишно искуство во службата, без разлика дали се пензионирани или пак од други причини го напуштиле работното место. За својот тримесеч ангажман со договор на дело, ...

Поради очекуваниот зголемен ризик од пожари на отворен простор и шумски пожари во текот на летниот период, Дирекцијата за заштита и спасување упати јавен повик за ангажирање на поранешни припадници на Полицијата, Армијата и Противпожарните единици, со цел организирано учество во гаснењето пожари низ државата. Потребни се лица за повеќе позиции, меѓу кои возачи на специјални противпожарни возила, пинцгауери, хермелини и БТР возила пренаменети ...