И покрај најавите од пред неколку месеци, зонското паркирање во Реонски Центар, Ново Лисиче и Автокоманда сè уште не е ставено во функција, а надлежните не прецизираат кога ќе започне неговата примена. Од Општина Аеродром велат дека подготовките за воведување на зонското паркирање во Реонски Центар и Ново Лисиче се во завршна фаза. Во моментов, ЈП „Улици и патишта“ работи на обележување на паркинг-местата и поставување на соодветната ...

Поминаа четири месеци од најавата и почетокот на приспособување на „теренот“ за да се воведе зонско паркирање во Реонски Центар и во Ново Лисиче, додека, пак, помина речиси една година од најавата за поставување ваков сообраќаен режим во населбата Автокоманда во Гази Баба. Денес, надлежните велат дека подготовките на овие локации во Скопје се во завршна фаза и се обележуваат, со што сè уште нема конкретен датум за отпочнување и целосна ...