Дуелот на Словенија и Хрватска може да отпише една од овие две селекции од трката за место во полуфиналето на Европското првенство во ракомет, значењето е големо и во двата тима се внимава на сите можни детали. Тој што ќе биде подобар во „Малме арената“, ќе има добри шанси да стигне до полуфиналето и да се бори за медали. А, дури и тој што ќе победи, нема да биде сигурен полуфиналист. Словенија сè уште ја држи судбината во свои раце, но за да ...

Ракометарите на Хрватска и Словенија денеска ги очекува клучен натпревар на Европското првенство, по кој ќе стане јасно која од двете селекции ќе ја задржи шансата во последното коло да се бори за пласман во полуфиналето. Дуелот е закажан за 18:00 часот, а победата е императив за двете репрезентации, со оглед на тоа што и двете селекции имаат по четири бода. Поразот на денешниот натпревар практично значи крај на сите надежи за полуфинале, ...