Во спасувачката операција што трае од синоќа кај Бабина Греда, досега се извлечени 30 лица од реката Сава, а сè уште нема потврда за жртви. Болницата во Винковци потврди дека примила четворица мигранти спасени од Сава, а дел од нив биле префрлени во болниците во Вуковар и Славонски Брод. Директорот на болницата, Крунослав Шпорчиќ, изјави дека примени се двајца државјани на Бангладеш и двајца Индијци: „Ги лекувавме од хипотермија и ќе им биде ...

Голема спасувачка акција била покрената синоќа на реката Сава, на потегот меѓу Штитар и Бабина Греда, откако полицијата добила пријава дека неколку лица се наоѓаат во водата. Според информациите од Полициската управа Вуковар-Срем, повикот бил примен во 1:42 часот по полноќ, по што веднаш биле активирани надлежните служби. На терен итно биле испратени полициски патроли, полициски чамец, како и дронови, со цел што побрзо да се лоцираат лицата ...