Неисплатениот регрес за годишен одмор на вработените во средните училишта во Гостивар се покрена како прашање на денешната седница на општинскиот Совет. Садри Салиу од советничката група на Националната алијанса за интеграција побара објаснување од надлежните општински сектори околу причините кои довеле до проблемот со доцнење на исплатата на К-15. „Бараме образложение од секторите каде е проблемот, зошто е пролонгирана исплатата на К-15 во ...
Фудбалскиот клуб Арсими доби значајна и досега најголема институционална поддршка, откако Советот на Општина Гостивар на својата седница го изгласа буџетот за финансиска поддршка за клубот во износ од 6.000.000 денари за тековната година. Од клубот истакнаа дека одлуката има посебна тежина, бидејќи беше донесена со 23 гласа „за“, од советници од сите заедници и етнички припадности во општината, што, според нив, претставува јасен показател за ...
Неисплатениот регрес за годишен одмор на вработените во средните училишта во Гостивар вчера се најде во Собранието како пратеничко прашање упатено кон министерката за образование Весна Јаневска, според која проблемот лежи во прекумерноста на наставниот кадар, а го има и во други општини. „Министерството за образование и наука во 2025 година кон општина Гостивар има исплатено блок дотација за финансирање на средното образование во износ од 320 ...
Вработените во средните училишта во Гостивар ќе го добијат регресот за годишен одмор К-15, чија исплата доцнеше. Општина Гостивар и Синдикатот за образование и наука постигнаа договор исплатата да се изврши во текот на март и април месец, според определен распоред по училишта. „Остваривме состанок со градоначалникот Ваљбон Лимани, одговорната од секторот за образование Аслијан Снопче, одговорниот за финасии и сите претседатели на СОНК ...

