Советничката во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Снежана Петровиќ-Арсовска, вели дека се прават компаративни анализи од искуства на развиени држави. Некои од моделите се праг на толеранција до 3, 4 или 5 километри на час над дозволената брзина на движење или пак воведување на толеранција во форма на процент од ограничувањето. Сепак, додава таа, не е донесена конечна одлука. Ако се воведе прагот на толеранција, причината ќе биде ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Facebook објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Безбеден град“. „Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци, каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот 'Безбеден град', бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина. Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да ...