По поразот од Шпанија и важната победа над Германија, јасно е дека судбината на српската репрезентација на Европското првенство во голема мера зависи од последниот натпревар во групата против Австрија. Најчистото сценарио за место во следната рунда е победа, но „орлите“ имаат и други патишта до следната фаза. Србија ќе обезбеди пласман понатаму доколку: - ја совлада Австрија - одигра нерешено со Австрија, а Германија не ја победи Шпанија ...

Австрија приреди големо изненадување на Европското ракометно првенство, совладувајќи ја Србија со 26-25 и целосно ја искомпликува борбата за првите две позиции во групата А. По триумфот над Германија, српската репрезентација прерано се опушти и настапи како веќе да има обезбедено пласман во следната фаза. Таквиот пристап скапо ги чинеше „орлите“, бидејќи Австрија покажа дека поседува сериозен квалитет и дека не смее да биде потценета. ...

Откако претходно српската ракометна репрезентација загуби од Австрија, нашиот северен сосед бараше „услуга“ од Шпанија да ја совлада Германија, за влез во вториот круг на Европското првенство. Тоа не го дозволија Германците кои на крајот беа подобри од Шпанците во рамките од групата А во Хернинг во прелиминарната фаза со 34:32 (17:15). Конечната табела во групата А изгледа вака: Германија 4 бодови, Шпанија 4, Австрија 2 и Србија, што значи ...