Од 22 јуни до 30 јули во Штип ќе се одржи 41. издание на Штипското културно лето (ШКЛ) со 34 програмски содржини. Најавени се концерти на домашни и странски музичари, театарски претстави, изложби и промоции на книги. Манифестацијата ќе биде отворена на 22 јуни од 19 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“ со концерт на сопранистката Виолета Арсовска, која ќе настапи со музичкиот проект „Бои на душата“. Програмата ќе се реализира на повеќе ...

Со концертот на Влатко Стефановски Трио, кој започнува вечерва од 21 часот на големата сцена во Домот на млади во Штип, свечено ќе се одбележи стартот на 41. издание на „Штипско културно лето“. Како што истакна директорот на Домот на млади, Видан Лазарев, годинашната програма нуди квалитетни културни содржини и настани наменети за сите генерации. Бесплатниот концерт на еден од најистакнатите македонски музичари претставува одличен почеток на ...