По реакциите на родителите, министерката за образование Весна Јаневска соопшти дека фолклорната насока во Државното музичко училиште во Битола не се укинува, туку ќе запишува ученици секоја втора година. Таа не прецизираше кога е донесена ваквата одлука, но одговорот следи по јавните реакции, откако во конкурсот за упис за следната учебна година насоката не беше предвидена. Министерката рече дека целта е да се избегне хиперпродукција на ...

Дезинформација е дека се укинува фолклорната насока во средното музичко училиште во Битола. Првпат ја отворивме минатата година. В година повторно ќе има прием на заинтересирани ученици ако воопшто ги има – изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа посочи дека како министер дозволила да се отвори фолклорна насока, со тоа што сметале – луѓето, секторот, вработените и во консултација со училиштето – дека е значајно ...