Со уникатно шоу на реката Сена вечерва во 19:30 часот свечено ќе бидат отворени 33. летни Олимписки игри (ЛОИ) во Париз. На Игрите ќе настапат 10.500 спортисти од 206 држави, кои ќе се натпреваруваат во 32 спортови, а прв пат во историјата ќе бидат поделени олимписки одличја во брејкденс. Од 6.000 до 7.000 спортисти (од вкупно 10.500), кои ги претставуваат земјите-учеснички, ќе продефилираат во 85 чамци на Сена во боите на нивната делегација, ...

Франција денеска има намера да го импресионира светот со екстравагантна церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз каде околу 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 лица од приватни компании за обезбедување ќе се грижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, нејзиниот брег и околните споменици. ОИ се одржуваат во време на големи безбедносни ризици, односно во време на засилени геополитички тензии. Планирано е речиси 7.000 ...