Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Варшава го осуди навлегувањето на две руски ракети и беспилотно летало десетици километри во полскиот воздушен простор во петокот како „неприфатлив инцидент“. Тој нагласи дека ваквите инциденти сè уште не се причина за активирање на Член 5 од Договорот за колективна одбрана на НАТО. „Не, тоа не е област за Член 5. Сè уште не е, но е опасен инцидент. Секако, апсолутно е неприфатлив. И затоа ...
НАТО ќе го брани секој сантиметар од полската територија, изјави денеска генералниот секретар на алијансата, Марк Руте. Изјавата на Руте следува откако Полска вчера соопшти дека Русија го нарушила нејзиниот воздушен простор со три летачки објекти, за кои се верува дека се две ракети и беспилотно летало. „Можам да гарантирам дека НАТО ќе брани секој сантиметар од полската територија. Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, ...

