„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе ги снемаме. Протест на родители во село Долни Балван поради најавата за затворање на училиштето, по што зградата ќе биде напуштена, а најмалите ќе мора да се школуваат во соседните села и општини. Родителите предупредуваат дека ваквата одлука ќе ги принуди децата секојдневно да патуваат, што значи дополнителен стрес, финансиски трошоци и оддалечување од средината во која растат. Велат дека училиштето не е ...

Родителите од селото Долни Балван, во општина Карбинци, излегоа на мирен протест незадоволни од најавите дека ќе биде затворено подрачното училиште во селото. Велат дека нема да дозволат нивните деца секојдневно да патуваат до друго населено место за да посетуваат настава и бараат училиштето да продолжи со работа. Тие сметаат дека правото на образование треба да биде еднакво достапно за сите деца, без разлика дали живеат во град или во ...