Сообраќајот на бродови во клучните бродски линии на Блискиот Исток, Ормутскиот теснец помеѓу Персискиот Залив и Арапското Море и теснецот Баб ел-Мандеб помеѓу Црвеното Море и Аденскиот Залив, малку се промени во вторникот во однос на претходниот ден, останувајќи стабилен иако со намален интензитет, покажаа податоците за следење на бродовите. Осум бродови, пет танкери и три товарни бродови, вчера поминаа низ Ормускиот теснец, ист број бродови ...

Иран и Оман ја договорија географската рута по која бродовите треба да минуваат низ Ормускиот Теснец, објави министерството за надворешни работи во Техеран. Од таму додаваат дека САД не учествувале во договорот, додека американскиот претседател, Доналд Трамп тврди дека „преговорите со Иран напредуваат многу добро“. Според портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багеи, двете земји подготвуваат заедничко соопштение кое ќе опфати технички, правни, ...