Карлос Алкараз имаше сериозен тест во второто коло од Австралија Опен, но шпанскиот ас покажа квалитет и без загубен сет славеше над Јаник Ханфман од Германија, 102. тенисер на АТП ранг-листата. Иако Германецот започна добро и го стави Алкараз под притисок, Шпанецот не дозволи никакво изненадување и се пласираше во третото коло во Мелбурн по четврти пат во својата кариера. Победи со 3-0 во сетови 7-6/4, 6-3, 6-2, по два часа и 43 минути ...
Светскиот број 1, Карлос Алкараз, оствари уште една победа од 3-0 на Австралија Опен. Шпанецот се квалификуваше за 1/16 финалето по победата од 7-6(4), 6-3, 6-2 над Германецот Јаник Ханфман. Мечот траеше 2 часа и 44 минути, а речиси половина од времето го зеде првиот сет, одигран еден час и 18 минути. Ханфман направи брејк во четвртиот гем, но Алкараз потоа направи рибрејк. Дојде до тајбрејк, во кој Шпанецот победи со 7-4. Останатите два ...

