Девојче (5) каснато од поскок во Хрватска речиси ја изгубило ногата: Што да првите ако ја видите опасната змија што ја има и во Македонија? Поскокот е најопасната змија не само во Македонија, туку и во Европа. Но, добрите вести се дека овие змии не се агресивни и напаѓаат само ако чувствуваат закана. Исто така, постои и противотров кој е мошне ефикасен. Во Македонија, како и Балканот воопшто, нема многу отровни змии, но сите сме слушнале за ...

Змија поскок го претворила летниот одмор на едно украинско семејство на Хвар во вистински кошмар, јави хрватски 24сата. Петгодишно девојче било каснато од најотровната европска змија додека си играло на плажа, по што почнало да губи свест. – За време на ручекот, ќерка ни си играше со другарчиња во близина на бар на плажата. Одеднаш дотрча и ни кажа дека ја каснала змија, не ни се веруваше – раскажа мајката за хрватскиот медиум. Губејќи свест, ...