Фудбалската репрезентација на Албанија патува во баражот за Светското првенство (СП) кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, затоа што ја забележа потребната победа во соочувањето со Андора. Албанците тешко, но заслужено, славеа со 1-0 на гостувањето во Ла Вела. По првиот дел без голови, важната победа за западниот сосед ја донесе Кристијан Аслани. Фудбалерот на Интер во листата на стрелците се запиша во 67. минута по асистенција ...
Репрезентацијата на Франција убедливо со 4:0 славеше над Украина во меч од квалификациите за СП 2026 и на тој начин Галските петли и официјално го обезбедија местото на завршницата на Мундијалот следната година. Домаќините дури во второто полувреме го скршија отпорот на Украина која Килијан Мбапе погоди од пенал во 55 минута и тој момент може да го видите ТУКА. Од тој момент, па до крајот Франција немаше милост кон противникот и домаќините во ...

