На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа оштетување на часовникот на Музејот на град Скопје, кој е потсетник на катастрофалниот земјотрес кој во 1963 година во погоди главниот град. Во вчерашното невреме оштетена е стрелката која ги означува минутите. Часовникот покажува време 5 часот и 17 минути, тоа е моментот на земјотресот кога и часовникот запрел со работа. Во вчерашното невреме, како што информираше МВР, оштетени се и ...
Силното невреме што во вторникот попладне го зафати Скопје го оштети и часовникот на фасадата на Музејот на Град Скопје, еден од најпрепознатливите симболи на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. На фотографијата објавена на социјалните мрежи се забележува дека е оштетена стрелката што ги означува секундите. Засега нема информации дали невремето предизвикало дополнителни оштетувања на механизмот или на останатите делови од часовникот. ...

