Со многу неизвесност и очекување, пред полна сала, а меѓу публиката и дел од директните учесници на наградените филмови, синоќа, се доделени наградите на 24 CINEDAYS, Фестивал на европски филм. „Нашата одлука не беше лесна и би сакал да ја изразам нашата благодарност до сите неверојатни филмски режисери чии дела имавме чест да ги гледаме. Секој филм носи силен авторски глас и се занимава со локални теми, давајќи им универзална димензија, ...

Српскиот филм „Југо Флорида“ на режисерот Владимир Тагиќ ја доби наградата за најдобар филм во официјалната конкуренција на 24. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој заврши вчера вечер во Скопје. „Југо Флорида“ е реалистичен филм кој тивко бара зрно надеж во сивиот секојдневен живот. Гради свет кој понекогаш се чини дека постои на границата помеѓу сонот и реалноста – без потреба да ги раздвојува двата – оставајќи суптилна трага ...