Ракометарите на Еурофарм Пелистер го привршуваат последниот тренинг циклус пред вториот дуел со ПИК Сегед во Лигата на шампионите. Битолчани влегуваат во мечот со скоро комплетен ростер и позитивен импулс од победничкиот ноември, а само седум дена по големиот триумф во Спортската сала во Битола ги очекува уште потежок предизвик на унгарско тло. Пред заминувањето за Сегед пред новинарите говореа тренерот Рубен Гарабаја и дефанзивецот Илија ...
ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер 35:20 (14:9) Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола загуби на гостувањето кај ПИК Сегед со резултат 35:20, полувреме 14:9, а само пред седум дена во Битола забележа победа. Екипата на Еурофарм Пелистер, предводена од тренерот Гарабаја во текот на целиот натпревар беше под резултатски протисок на Сегед, кој ја имаше предноста. Рамноправно беше само на стартот кога беше 3:3, а потоа се беше во корист на домаќините. ...
Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа пораз 36:26 на гостувањето кај европскиот првак Магдебург. Домашниот тим ја потврди фаворитската улога и остана единствената непоразена екипа во групата, додека битолчани се на претпоследното место со една победа во првото коло против Загреб. Резултатска неизвесност имаше до средината на првиот дел кога Магдебург имаше гол предност, а последен пат беше 8:7. По овој резултат ...

