За над 9 милиони евра пораснал долгот на јавните државните претпријатија, општините министерствата и тоа за само три месеци. Од извештајот на министерството за финансии може да се види дека заклучно со март, нивните доспеани, а неплатени долгови надминуваат 676 милиони евра. Со вакви бројки ја стартуваат годинава. Во главната петорка повторно се веќе добро познатите должници. Железничките претпријатија натрупале долг од над 80 милиони евра. ...

Долговите на институциите за само три месеци пораснале за повеќе од 9 милиони евра, а на врвот на листата повторно се најголемите јавни претпријатија и здравствени установи. Двете железнички претпријатија, ЕСМ и Клиничкиот центар, предничат со десетици милиони евра обврски кон државата, додека речиси сите општини, исто така, бележат значителни долгови. Во меѓувреме, приватниот сектор акумулира близу 200 милиони евра неплатени давачки, при што ...