Во македонското Собрание денеска беше донесен Законот за Советот на јавните обвинители. За истиот 64 пратеници гласаа „за”, а 15 беа “против“. Со законот се зајакнуваат критериумите за избор на членовите на Советот, се регулира постапката за избор на членовите, се уредува дисциплинската постапка, постапката за избор на јавните обвинители, се зголемува јавноста и транспарентноста во работата на Советот и се уредува постапката по жалба и тужба ...
Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон. „Законот беше испратен на мислење до Венецијанската комисија и вратен со позитивно мислење. Во него се имплементирани сите препораки на европските тела“, истакна Деребан. Со предложеното законско ...

