Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип овој викенд на Државното првенство направи вистинска „жетва“ на медали, откако клубот успеа да освои шест златни медали, три сребрени и два бронзени медали. Ваквите резултати се должат на одлични подготовки изминатиот период под водство на тренерот Шенол Асанов, и помошникот тренер Викторија Варадинова. Интензивните подготовки овозможија доминација на „гладијаторите“ на Државното првенство во Скопје, од ...

Во неделата (1 март 2026), во големата сала на Спортски центар Јане Сандански во Скопје се одржа 1. Национално кикбокс првенство за 2026 година, во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија. Настанот постави нови стандарди по масовност и организација во македонскиот кикбокс. На првенството учествуваа 441 натпреварувач со вкупно 575 натпреварувачки влезови од 29 клубови од целата држава. Тие се натпреваруваа во сите возрасни ...