Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ од Универзитетот Стони Брук вторпат во рок од две недели е прогласен за новајлија на сезоната во Костал Атлетик конференцијата. Наградата доаѓа како признание за одличните настапи минатата недела, каде Стони Брук забележа две победи. Шошкиќ просечно постигнуваше по 18 поени, со одличен шут од игра , додека додаде и по шест скока, 4,5 асистенции и 2 украдени топки по натпревар. Феноменот од Скопје продолжува ...
Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ е во одлична форма од стартот на сезоната во американската колеџ лига (НЦАА), а тоа го потврди и на натпреварот на својот Стони Брук против Елон Феникс. Тој придонесе во победата на својот тим (72:68) со 17 поени, што беше најдобар учинок од сите поединци на теренот, а придонесе и со осум скокови, четири асистенции и две украдени топки. Шошкиќ имаше одличен процент на шут од поле, односно 60% и тоа 3/5 за ...

