Кога денеска би се завршила сезоната во кошаркарската Суперлига на Македонија, најтрофејниот клуб според бројот на шампионски титули, Работнички, би испаднал во втора лига. Работнички рано попладнево загуби од директниот ривал Феникс 2010 со 77-83 и има само теоретски шанси да влезе во топ 6 екипи кои ќе се борат за влез во плејофот. Центарци многу пореално е да бидат во плејаутот каде истотака ќе има шест тима, од кои три ќе испаднат во ...

Поразот од Феникс тешко им падна во таборот на Работнички, кои вината ја најдоа во арбитражата, поточно во одлуките донесени од страна на еден член на судиското трио – Александар Давидов. Во соопштението попладнево објавено на официјалната фејсбук-страница на скопскиот клуб, Работнички јавно побара од федерацијата повеќе да не го делегира Давидов на натпреварите на „центарци“. Соопштението на КК Работнички го пренесуваме во целост: КК ...