Кристијано Роналдо предизвика доста возбуда, а неговиот „бојкот“ на Саудиска Арабија и целата лига влијаеше на низа проблеми на кои им нема крај. Како што е познато, Нголо Канте ги договори сите услови на време, отпатува во Истанбул за да го реализира трансферот во Фенербахче, но на крајот целата зделка пропадна. Зад сево ова стои конфузијата предизвикана од португалската ѕвезда, кој им се закани на Арапите дека нема да тренира ниту да игра ...

Ѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, може да го напушти клубот од Саудиска Арабија во летниот преоден рок, објави „Record“. Четириесетгодишниот Португалец е незадоволен во Ал-Наср и размислува да ја продолжи кариерата во Европа или МЛС. Неговиот трансфер наводно вреди 50 милиони евра. Претходно, Роналдо не беше вклучен во составот за натпреварот од 20. коло од Премиер лигата на Саудиска Арабија против Ријад. Според извештаите во ...