Не очекувам дека во евроинтегративниот процес ќе има какви било промени, бидејќи тоа е договор којшто може да се промени само со консензус. Не очекувам дека некои од земјите членки ќе сакаат да се промени тој договор во којшто би изгубиле делумно од своите позиции, но затоа двете, според мене највлијателни земји-членки Франција и Германија дадоа еден предлог во којшто истовремено ќе го забрзаат интегрирањето и ќе му понудат можности на ...

„Јас тоа го разговарав и со канцеларот Мерц и со претседателот Макрон, јасно дефинирајќи што мислиме дека можеби да се додаде или одземе од тој нивен предлог, гледано од нашата оптика. Затоа што ако нивниот предлог е врзан со затворање кластери, ако имате Косово кое што не е ни кандидат, Босна и Херцеговина, Македонија која што почнала, а не почнала, ја имате Србија која што нема усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија ...