Македонија вечерва од 20:30 часот против домаќинот Данска го стартува својот настап на Европското првенство 2026, уште едно наше присуство на собирот на најдобрите на Стариот континент. И, повторно, неизбежно со силна поддршка за ракометарите од македонската „Фаланга“ која и овој пат ќе биде присутна во Хернинг. Македонски навивачи отпатуваа и од Скопје за Хернинг, пристигнувајќи денеска по 48 часа пат, а ќе бидат дополнети и со бројни ...
Ракометните селекции на Данска и Македонија повторно ќе се судрат на едно големо ракометно натпреварување. Како и пред дванаесет години двете селекции за бодови ќе се борат во воведното коло, овој пат на Европското првенство кое што се игра во Данска, Норвешка и Шведска. „Јуске Банк Боксен Арена“ ќе биде исполнета до последно место, а на трибините како и секој јануари досега ќе има и навивачи на Македонија. „Фалангата“ се собра од сите ...

