Во моето три и пол годишно раководење со затворот во Шутка, никогаш не сум го прекршил Законот за извршување на санкциите. Ова го тврди поранешниот директор Филип Андов кој е обвинет дека пуштал затвореници да си одат дома. Во процесот се опфатени и седуммина затворски полицајци, за кои директорот тврди – работеле чесно. На обвинетите им се суди за злоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата. Седнаа на обвинителна ...

Се одложи судењето за случајот против поранешниот директор на Затворот Скопје Филип Андов и против полициски службеници кои според обвинението на Обвинителството сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во 2024 година, кога тие дозволиле осуденици да бидат спроведувани до нивните домови и други локации за приватни потреби. Одложувањето е поради барање на одбраната за увид во доказите, а на следното рочиште обвинетите ...