Договорот на Благоја Милевски истече во текот на вчерашниот ден и стана јасно дека денеска ќе мора да има официјално обраќање од ФФМ за судбината на македонскиот селектор, а попладнево пристигна и официјална вест за тоа што се шушкаше во јавноста веќе некое време. Со завршениот циклус во квалификациите за Светското првенство и официјално се става крај на една етапа во македонската репрезентација, од која заклучно од денеска веќе нема да биде дел ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор. Фудбалската федерација на Македонија одлучи да не го продолжи договорот на Благоја Милевски, па во баражот за СП 2026 година, селекцијата ќе ја води нов стратег. Договорот на Благоја Милевски со ФФМ истече на 30 ноември годинава, па Управниот одбор на денешната седница објави дека не ја продолжува соработката со доскорешниот селектор. Милевски седна клупата на Македонија во август 2021 ...

