Иран е подготвен за долготраен конфликт со САД и Израел и досега не го искористил својот најнапреден воен арсенал, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, изјави дека Техеран располага со доволно капацитети за продолжување на, како што ја нарече, „офанзивната одбрана“. – Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивна одбрана подолго од она што непријателот го планирал за ...

Иранското Министерство за одбрана испрати јасна порака до Вашингтон и Тел Авив, нагласувајќи дека земјата е воено и стратешки подготвена за долготраен конфликт. Според официјални претставници, досегашните дејствија се само дел од капацитетите со кои располага Исламската Република. Стратегија на исцрпување Портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, истакна дека Иран има разработено планови за долгорочен отпор кои ги надминуваат сите ...