Законот за Судскиот совет, кој власта го најавуваше како закон што конечно ќе ги реши сите проблеми во судското тело што со години е мета на критики и скандалозни одлуки, а беше донесен во Собранието во изминатиот декември како дел од реформската агенда, сега повторно ќе се врати пред пратениците. Донесениот закон, всушност, не го поминал европскиот филтер. Како што дознава „Слободен печат“, Европската комисија констатирала дека во Законот ...
„Ова е како од рубриката „Верувале или не“, напиша пратеничката Моника Зајкова за достигнувањата на македонското Собрание, откако пратениците добиле предлог закон со кој се менува штотуку усвоениот Закон за судскиот совет – кој е дел од Реформската агенда и за кој ЕК не ни исплати сретства, бидејќи не е според препораките на Брисел. „Кога се прават јавни расправи на одредени закони само тукутака, за што алармирав и протестирав во Собранието, ...

