Откако битолскиот клуб изгуби во дербито на Градски против Вардар за отворање на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, сега тие влегуваат претпазливо во претстојниот денешен натпревар на гостувањето во Струмица против Брера. Иако во првото полувреме против Вардар, Пелистерци одиграа рамноправно, сепак невниманието на крајот на првото полувреме ги чинеше резултатска негатива на полувремето, а на стартот на второто повторно примија ...

Брера прва ја затресе мрежата, но голот на Ензиге беше поништен поради игра со рака. Првиот регуларен гол беше постигнат во 57. минута кога Мирко Ивановски даде гол од пенал за водство на Пелистер од 1-0. На 20 минути до крајот Филип Бошковски му донесе предност на Пелистер од 2-0, но Брера не се откажуваше и покрај сигурната предност на гостите. Надежта ја врати капитенот Антовски кој постигна убав погодок со удар од далечина во 76. ...

Екипите на Брера и Пелистер играат возбудлив натпревар во Струмица. Откако пелистерци постигнаа два брзи гола во вториот дел, Брера експресно реагираше и Антовски постигна антологиски гол. Капитенот на струмичани прими една топка на околу триесет метри и без многу размислување испрати проектил кон противничкиот гол, кој беше неодбранлив за младиот Андреј Јовчевски за намалување на водството на Пелистер на 1-2. Брера и Пелистер во првото коло од ...