Освен рингишпилот во Луна-паркот, во круг се вртат и институциите околу тоа кој издал дозвола за работа на Зимзоленд и кој е должен да ја контролира неговата работа. По бројните реакции од жителите во околината, Телма побара одговори од организаторите на зимскиот забавен парк. Тие тврдат дека располагаат со договор за закуп и дозвола за работа од општина Аеродром. Општината, пак, ја негира одговорноста. Градоначалникот Дејан Митески објасни ...

Откако Општина Аеродром потврди дека ќе се отстранува забавниот парк „Зимзоленд“ во Ново Лисиче, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека паркот речиси две недели работел без дозвола од Град Скопје, организаторите на манифестацијата соопштија дека не е точно дека „Зимзоленд“ се затвора и дека ќе продолжат со работа. „Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде ...