Регионот е зафатен од дожд и снежни врнежи. Во Србија прогласена вонредна состојба во неколку општини, регистрирани прекини со електричната енергија. Влажниот и студен бран зафати и делови од Црна Гора и Хрватска. Во Босна и Херцеговина се излеа реката Неретва. Пријавени се поплавени куќи. Изобилните снежни врнежи предизвикаа откажувања на летови и возови, сообраќаен метеж и затворање на училишта во делови од Европа. Потешкотии од зимските ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два, а максималната ќе достигне од три до девет степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. ...

