Во најновата тест верзија за Dev каналот од Windows Insider програмата, односно верзијата 26220.6690, Microsoft тестира можност за споделување на прозорот од отворените апликации во Copilot. Со ова корисниците ќе можат да ја искористат Copilot Vision функцијата, односно да добијат повеќе информации за тоа што се прикажува на екранот, како и да го продолжат разговорот со Copilot. Оваа новина вклучува додавање на ново „Share with Copilot“ копче на ...

Со клик на новата опција Share with Copilot се активира Copilot Vision, AI алатка на Microsoft која го скенира и анализира содржината на прозорецот. Ако мислевте дека Windows 11 веќе е доволно преполн со Copilot копчиња во Paint, Notepad, taskbar-от, тастатурата и на предната страна на некои PC уреди, Microsoft сака да ве разубеди. Во новата тест верзија на оперативниот систем се појави уште едно – кога ќе поминете со глувчето над иконата на ...