Составот на Вардар 1961 продолжува да ниже победи во Суперлигата, а најновата дојде на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци од 35:24. Лидерот немаше никакви проблеми да дојде до посакуваниот резултат, го надигра домаќинот во двете полувремиња и направи нов исчекор кон остварување на целта-титула. Во другиот дуел од суперлигашкиот плејоф, Алкалоид го надигра Бутел со 37:21. Фаворитот водеше само со еден разлика по првите 30 минути (16:15), ...

Ракометарите на Вардар победнички се враќаат од гостувањето кое беше незгодно за нив претходните години и каде загубија две титули. „Црвено-црните“ со убедливи 24-35 славеа над Тиквеш и ја зголемија предноста на +8 во однос на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој има и меч помалку. Победникот беше одлучен уште во првото полувреме, откако Вардар на паузата замина со убедливи 11-17, а во вториот дел предноста беше зголемена за дополнителни ...