Во периодот од 2 февруари до 31 мај 2026 година, во системот „Безбеден град“ се евидентирани вкупно 33.722 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки, информираат за „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од нив, најголем дел прекршоци се регистрирани во мај – 11.258, а најмал број се регистрирани во текот на февруари – 4.301. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна најави дека сите возачи што ...
Возачите кои минуваат низ Северна Македонија со возила со странски регистарски таблички засега нема да добиваат автоматски казни преку системот „Безбеден град“, иако камерите ги регистрираат прекршоците. Од Министерството за внатрешни работи велат дека испраќањето на казните ќе започне по целосната надградба на системот. До тогаш, контролата на странските возачи ќе ја вршат полициските екипи со таканаречените „пресретнувачи“, кои, според ...

