Кошаркарите на ТФТ Скопје доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај Тиквеш (102-74), но го задржаа првото место на табелата и ќе влезат во плеј-офот како лидер во регуларниот дел од македонската Суперлига. Ништо не им одеше од рака на скопјани во салата „Јасмин“ во Кавадарци, а тоа стана јасно уште по првите десет минути, кога постигнаа само осум поени. Тиквеш беше во полн налет и на паузата имаше предност од 16 поени (46-30), а во второто ...

Екипата на ТФТ доживеа убедлив пораз од Тиквеш во последното коло од регуларниот дел од сезоната во македонското кошаркарско првенство, но и покрај тоа ќе остане на првото место пред следната фаза од шампионатот. Причина за тоа е фактот што и МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Чаир, со што актуелниот шампион не го искористи киксот на единствениот ривал за првото место на табелата. Истовремено, победата на Тиквеш значи дека составот од ...