Искусниот македонски фудбалер, Кире Ристевски, официјално се врати во својот матичен клуб, Пелистер, каде се очекува да биде големо засилување за остатокот од сезоната. 35-годишниот дефанзивец доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде одигра само четири натпревари во сезоната 2025/26, а претходно ги бранеше боите на Струга Трим Лум, Етникос Акна, Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Работнички, Славија Софија и уште неколку клубови од Македонија и од ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Кире Ристевски е засилување за Пелистер во овој зимски преоден рок. Искусниот дефанзивец по долго време се враќа во Битола во неговиот матичен клуб. -По многу години поминати на различни терени, чувството да се вратам дома е незаменливо. Се враќам во мојот матичен клуб со голема благодарност и љубов кон сите кои ме поддржуваа низ годините. За мене е голема чест што повторно ќе бидам дел од ова семејство ...