Во овој момент преговараме и ќе продолжиме да преговараме со ОКТА за да биде попустот повторно за да биде приближно со оној кој што го имавме, ќе видиме како ќе резултираат тие преговори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско пршање. -Факт е дека остануваме земја со убедливи најниски цени горивата. Нашиот северен сосед 1,9 за дизел ние сме 1,5 за околу 40 центи по литро поевтини, западниот и јужниот сосед над 2 ...

Наместо 2 и 2,5 денари поскапи горива, граѓаните од понеделникот на полноќ на бензинските пумпи точат горива поскапи од 4 до 5,5 денари. Иако беше најавено дека се преговара со ОКТА за да продолжи попустот од 2 денари за бензините и 3 за дизелот, сепак тоа не се случи. Па така сега граѓаните плаќаат по 92 денари за литар дизел, кој со попустот од Окта требаше да биде 89 денари, по 89 наместо 87 денари за 98- октанскиот бензин, и 87 наместо 85 ...