Во тимот на Работнички, со оглед на очајната полусезона и претпоследната позиција на ПМФЛ табелата, секако дека зимава ќе има сериозна реконструкција на ростерот. Па така, не се чекаше премногу за да се објави и првото заминување од клубот. Џелил Асани повеќе нема да го гледаме во дресот на Работнички, а многу веројатно во деновите кои следуваат ќе има уште неколкумина кои што ќе го фатат неговиот пат. Секако, ќе има и новитети, доколку ...

Управата на прволигашот Работнички објави дека ја прекинува соработката со двајца досегашни членови на првиот тим - Демир Имери и Џелил Асани. Двајцата фудбалери беа дел од екипата од Дебар маало изминатава сезона, одиграа 13, односно 14 натпревари, а поголем впечаток остави офанзивецот Имери, кој постигна три гола во дресот на Работнички. „Романтичарите“ се во прилично незавидна ситуација и собраа само седум бода, кои ги сместуваат на ...