Она што Јелена Розга го најави пред концертот – дека Охрид има посебно место во нејзиното срце – публиката ѝ го возврати на најубав можен начин. Точно една година по минатогодишниот концерт, на истиот датум и на истата сцена, Античкиот театар повторно беше сведок на вечер исполнета со емоции, хитови и атмосфера што долго ќе се памети. Повеќе од два и пол часа Розга пееше без престан, а на публиката како да не ѝ беше доволно, па ја врати на ...
Јелена Розга вчера (29 јули) повторно настапи пред полн Антички театар во Охрид, точно една година по минатогодишниот концерт на истата сцена. Концертот, во организација на продукција „Евентум“, траеше повеќе од два и пол часа, а публиката ги пееше нејзините најголеми хитови и ја врати на бис. На сцената ѝ се придружи и гудачки оркестар, а хрватската поп-ѕвезда ги испеа и хитовите од периодот кога беше дел од групата „Магазин“. Посебен момент ...
„Ме прашуваат зошто малку не намалам темпо. Кога докторот ќе ми каже дека треба да се грижам за здравјето, јас му велам дека ова ме одржува. Триесет години сум на сцена, а како допрва да почнав. Нема да застанам сè додека можам да стојам“, ѝ рече Јелена Розга на публиката на преполниот Антички театар во Охрид. Овие зборови имаат посебна тежина ако се знае дека хрватската поп-ѕвезда со години отворено зборува за својата здравствена состојба. ...

