Првото утро од 2026 година е поларно насекаде во Македонија со многу ниски температури на воздухот и ведро и претежно тивко време без некој изразен ветер. Најладно утрово до 7 часот беше на Попова Шапка со измерени -15 степени. Во Берово ова утро температурата се спушти до -14 степени. На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро по градови и места во Македонија до 7 часот и тоа на мерните станици на УХМР. ИЗДВОЕНИ ...
Утрово целата земја е под влијание на многу ниски температури. Најстудено е на Попова Шапка со -15 степени, а веднаш по неа е Берово со -14. Измерени температури низ градовите: -12°C: Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка и Битола. -11°C: Охрид и Претор. -10°C: Скопје (Петровец), Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране. -9°C: Струмица и Ѓуриште. -8°C: Виница, Кавадарци и Скопје (Зајчев Рид). -4°C: Гевгелија . Прогноза за денот: ...

