Дебар, 24 март 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Дебар, поднесе кривична пријава против дебранец, кој со тврд предмет физички нападна малолетник во Дебар. -Кривична пријава е поднесена против У.Б (58) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, што се случи на 10 овој месец. Пријавениот физички нападнал малолетник од Дебар, употребувајќи и тврд предмет, информираа од ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера спровеле засилени контроли при што лишиле од слобода две лица поради сообраќајни прекршоци. На регионалниот пат Дебар–Маврово, околу 17:50 часот, бил приведен 52-годишниот Г.Ј. од село Крупиште, Општина Карбинци. При контрола на возило „Ауди“ било утврдено дека тој управувал и покрај изречена забрана за возење. Претходно истиот ден, на улицата „Јусуф Грвала“ во Дебар, ...

