Утре со мечот меѓу Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка се отвара 14. коло на Првата футсал лига на Македонија. Овој меч ќе биде исклучително важен и за двете екипи за потврда на опстанокот во елитата. Во недела следуваат дури три натпревари. Во Штип се игра мечот меѓу Мал Ајакс и Клими, дуел кој за штипјани е можеби и последна сериозна шанса за да се стигне до опстанок, со пораз веќе ќе биде јасно оти Мал Ајакс експресно ќе се врати во ...
Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во Првата футсал лига. Двете екипи мораа да се задоволат со бод во битката за потврда на опстанокот во елитата. Домашниот тим го отвори резултатот во 8. минута преку гол на Исмаил Абдуловски, а со кој гол Јувентус Серава замина на полувреме со 1:0. Во вториот дел домаќинот дојде и до двојна предност откако ...

