Јован Јованов искрено за љубовта во младоста: „Миа Костова ми беше прва долга врска, бевме интересен пар“ „Со Миа многу мали почнавме, она се запиша 1-ва средно, јас 3-та или 4-та, средно школо во музичко. Заљубен бев, тинејџерска љубов. Сум имал и претходно пократки врски што не успеале, ама со Миа ми беше прва долга врска, бевме над 2 години заедно“ - Јован Јованов раскажува за љубовта од младоста, но зборува и за разводот, новата љубов, ...

Јован Јованов детално раскажа за разводот со неговата сопруга Николина во Канада, и за тоа во какви односи се сега, а ја спомена и нивната ќерка. Како што е познато, нашиот музичар долго време живее во Канада, а неговата ќерка сега има 14 години. Јованов за разводот со сопругата Николина зборуваше во поткастот на Стефан Лазаров. – Ништо не се случи, ние сме во фантастични односи, сѐ уште сме многу добри другари, имаме ќерка – рече Јованов и ...